Училишта и деца

Peace Run Team Ny Austrian Forest Schools5 Indonesia Runners

Секоја година Трката за Мир посетува многу училишта во повеќе од 100 земји ширум светот. Учениците се запознаваат со тркачите, го држат факелот и ги изразуваат сопствените соништа и надежи за еден подобар свет.

На оваа интернет страна ќе најдете некои идеи за тоа како може да се почувствува мирот во училницата.

Би сакале и Вие да ја пренесете вашата креативност на нас! Контактирајте не!

Подготовки за Трката за Мирот:

-       Научете ја официјалната песна на Трката за Мирот за да ја отпееме заедно кога ќе пристигне тимот;

-       Направите хартиени (оригами) гулаби на мирот кои ке ги држите во рака

-       Напишете свој завет за мир и подгответе го за да го врачите на тимот на Трката;

-       Направете сопствени Факели на Мирот кои ке ги држите на денот на Трката;

-       Подгответе слики кои сте ги насликале за да ги изложиме на денот на Трката;

-       Компонирајте или извежбајте песна/композиција која би сакале да ја изведете;

-       Учениците можат да одбележат круг околу школото како Километар на мирот;

-       Подгответе свои песни и стихотворби за да ги прочитате на церемонијата;

-       Направете и изведете свој скеч, кој би ги представувал чекорите потребни да се создаде хармонија во вашето училиште;

-       Подгответе се да го држите Факелот на Мирот, или да трчате со него

Стекнување знаење за некоја земја

Охрабрете ги учениците да изберат некоја земја или неколку земји, можеби земјите од кои доаѓаат нашите членови на интернационалниот тим, да ја проучат културата на таа земја и да откријат што тие направиле за да придонесат за мирот.

Проверете каде се Трката на Мирот има пропатувано низ тие земји. Во нивното изучување, учениците можат да контактираат со некои од училиштата од земјите кој се веќе приклучени кон Трката на Мирот. Пронајдете традиционални песни, носии или спортови од тие земји.

Кога Трката ќе пристигне во Вашето училиште, учениците можат да ги покажат своите здобиени знаења пред целото училиште и пред тимот на Трката за Мир, или можат да ни го испратат нивниот настап за да го поставиме на нашиот сајт.

 

Учениците ја запознаваат заедницата во која живеат

Секоја локална заедница/општина на светот се стреми на едноставен начин кон мирот и културно, взаемно почитување. Сите ние сакаме да живееме во некое место каде што преовладува чувството на единство. Секој мал чекор за мир во нашето опкружување допринесува за гигантски чекори, кои целиот свет со заеднички сили го превзема кон оваа возвишена цел.

Повикајте ги учениците да ја истражат својата околина и да ги откријат прекрасните, едноставни начини кои поединците, училиштата или заедниците ги направиле за да местото во кое живеат стане оаза на мир и пријателство. Учениците можат да ги истакнат своите знаења пред тимот на Трката на Мирот!

 

Учениците даваат ветување за мир

Замолете ги учениците да пробаат да го согледаат својот сопствениот живот и самите да оценат како се однесуваат со луѓето, семејството, училиштето, опкружувањето и светот во целина. Така тие ќе можат да откријат мали начини на кои би можеле да допринесат за промена во светот. Секој ученик може да го запише своето ветување за мир и да му го предаде на тимот на Трката за Мир.

Ветувањата можат да содржат нешто слично на ова: „...повеќе ќе бидам насмевната отколку што ќе бидам налутена, или ќе правам доброволна работа за заедницата.“

Тимот на Трката за Мирот со задоволствно ќе ги прифати сите нивни творби.

 

Мир низ поезија и литература

Охрабрете ги децата да напишат песни или молитви, да ги забележат своите идеи за светскиот мир, кои може да ги читаат и да ги разменуваат со останатите присутни.

Изложете ги литературните дела во Вашето училиште, објавете ги детските трудови во училишните или градските медиуми. Можете да ни ги испратите и нам и ние ќе ги поставиме на нашиот веб сајт!

 

Мир низ музика

Повикајте ги децата да ги затворат очите и да слушнат некоја инспиративна и смирувачка музика. Поразговарајте со нив околу тоа како тие се чувствувале додека ја слушале таа музика.

-       Затворете ги очите и слушајте некоја смирувачка мелодија која ве исполнува;

-       Разговарајте околу тоа што таа музика предизвикала во вас;

-       Поразговарајте околу тоа како се чувствувате кога нема хармонија;

-       Нацртајте слика која представува што се случува кога нема хармонија;

-       Нацртајте слика која представува што представува хармонија;

-       Покажете ја вашата слика пред целото одделение;

-       Изложете ги вашите слики во училиштето или локалната библиотека;

 

Како јас создавам мир во училиштето?

Ние почнуваме да создаваме мир со тоа што се однесуваме кон другите со почит и толеранција. Мир можеме да создадеме така што секогаш ќе се обидуваме да ги решиме проблемите без насилство.

 

Станете градител на мирот во Вашето училиште.

Испратете ни ги Вашите мисли и искуства околу градење на мирот во Вашето училиште и ние ќе ги објавиме на нашиот сајт!

 

Што би се случило кога целиот свет би живеел во мир?

Нацртајте некоја голема мапа на светот и повикајте ги децата да ја нацртаат со црвена линија патеката по која се движи Трката за Мирот. Поставете ги вашите добри мисли и молитви за мир на местата на мапата каде што се најмногу потребни.

Замислете каков би бил целиот свет кога сите би живееле како едно семејство.

Замислете дека сите луѓе од целиот свет се среќни  и си помагаат едни на други. Замислете ја целата наша планета како една голема заедница, во која секоја личност се почитува и цени.

Latest reports from North Macedonia - 2024

view all

Latest reports - around the world:

view all