अक्टुवर 26, 2022 Live from the road

Skopje

Reported by Daniel Ignovski 7.0 km

The Peace Run started the day visiting one of Skopje's most inspiring and enthusiastic schools, a school where we are always warmly welcomed. Wonderful students and teachers who always aspire and selflessly contribute to spread the message for peace, oneness and friendship!

OU Kočo Racin here we come!

Трката за Мир започна со посета на едно од најинспиративните и ентузијастични училишта во Скопје каде сме секогаш топло пречекани. Прекрасни ученици и учители кои секогаш се трудат и неуморно работат да придонесат во ширењето на пораките за мир, единство и пријателство!

ОУ Кочо Рацин, доаѓаме!

They made sure to greet each one of us!

Секој од нив успеа да ги поздрави сите членови на тимот!

Run Run Run, World Harmony Run!


A song composed by the founder of the Run, Sri Chinmoy, with added coreography is performed together with the students.

Run Run Run, World Harmony Run!

Песна компонирана од основачот на Трката за Мир, Шри Чинмој, збогатена со кореографија ја изведувавме заедно со учениците.

We proudly present this Certificate of Appreciation to the OU Kočo Racin. Their contribution to creating a better world full of smiles and joy is of huge significance and importance.

Со огромно задоволство ја доделуваме оваа Благодарница до ОУ Кочо Рацин. Нивниот допринос во креирање на свет исполнет со насмевки и радост е од огромен значај и важност.

We enjoyed so much!


Special gratitude to the principal of the school, Ms. Gordana Janevska, and the teachers Ms. Verica Kostovska, Ms. Irena Popova and Mr. Goran Gjorgjievski.

Ни беше прекрасно со Вас!


Огромна благодарност до нашата директорка Гордана Јаневска, педагог Верица Костовска и наставниците Ирена Попова и Горан Ѓорѓиевски.

We continued to run towards the beautiful autumn sun shined City Park in order to meet with with a big friend of ours!

Продолживме да трчаме кон прекрасниот светол и есенски обоен Градски Парк, каде треба да се сретнеме со еден наш голем пријател!

What a nice day!

Прекрасен ден!

We met with Kokan Ajanovski and his young students from his running school!

Се сретнавме со Кокан Ајановски и неговите ученици од школата за трчање!

Olivia came up front and in order to give a clue to the kids where she comes from, just mentioned that in her country they love to eat "Tacos" and they immediately said: Mexico!

 We start to think that Kokan is also giving Geography classes.

Оливија за да се претстави од каде доаѓа, на децата само им спомена дека во нејзината земја обожаваат да јадат “Такос“, а тие веднаш погодија: Мексико! 


Си помисливме можеби Кокан дава часови и по географија.

Parichayaka 'performed' on his imaginary violin and they again quickly guessed his country: Austria!

Паричајака 'свиреше' на својата замислена виолина и тие веднаш погодија од која земја доаѓа: Австрија!

We all took a minute of silence and tried to feel peace inside our hearts.

Застанавме мирно и за минута пробавме да почуствуваме мир во нашите срца.

Presenting the Peace Run and emphasizing how significant it is that each one of us is important in her/his capacity to contribute to the world peace. Our world is like a Oneness-Home where we all live peacefully and sharing our love and respect for each other.

Трката за Мир презентира колку е важно дека секој од нас може да даде свој значаен придонес за мир во светот. Нашиот свет е како Единство-Дом каде сите ние треба да живееме исполнети со мир и споделувајќи меѓусебна љубов и почит.

Kokan Ajanovski is a great athlete and a multiple time national champion on the track and on the road. On many occasions he was a Macedonian representative on a number of European championships. His achievements and success inspired a lot of people to get into the running world, lead a healthy life and hope that one day they will become as great as he is.
But Kokan is also a great friend. He is always there to great and support the runners. He started a running club willing to share his knowledge and inspiration about running. Many adults, but also many kids find his approach and coaching fun and fulfilling. And to serve the community is one of the greatest contributions an individual can make. Always tirelessly and with a smile.

Salil Wilson, the executive director of the Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run is proudly presenting to Kokan Ajanovski our Sri Chinmoy Peace Run Torch Bearer Award!

This award is presented to people who dedicated their lives to not only achieve something great, but also share it with the world at large.

Кокан Ајановски е голем спортист и повеќекратен државен првак на атлетска патека и улични трки. Во многу наврати беше македонски претставник на повеќе европски првенства. Неговите достигнувања и успеси инспирираа многу луѓе да влезат во светот на трчањето, да водат здрав живот и надевајќи се дека еден ден ќе станат успешни како што е тој.
Но, Кокан е и голем пријател. Тој е секогаш тука да ги поздрави и поддржи тркачите. Основаше клуб за трчање сакајќи да го сподели своето знаење и инспирација за трчањето. Многу возрасни, но и многу деца сметаат дека неговиот пристап и тренирање е забавен и исполнувачки. Да се служи на заедницата е еден од најголемите придонеси што може да ги даде еден поединец. Тој тоа го прави секогаш неуморно и со насмевка.

Салил Вилсон, извршниот директор на Шри Чинмој Единство-Дом Трката за Мир со огромно задоволство му ја доделува на Кокан Ајановски нашaтa најголемa награда "Sri Chinmoy Peace Run Torch Bearer Award".

Оваа награда им се доделува на луѓе кои ги посветиле своите животи не само да постигнат нешто големо, туку и да го споделат со светот.

We just run The Peace Mile!

Ја истрчавме Милјата на Мирот!

The Sri Chinmoy Peace Mile

Шри Чинмој Милја на Мирот

Thank you Kokan! It's been an honour!

Благодариме Кокан! Ни беше чест!

Torch carried by
Angikar Djordjevic (Serbia), Ashirvad Zaiantchick (Brazil), Chintamani Nordmeyer (Austria), Daniel Ignovski (North Macedonia), Dimitar Petrovski (North Macedonia), Dmitriy Gameza (Russia), Eshana Gadjanski (Serbia), Gordana Petrovčić (Croatia), Hrishikesh Karov (Bulgaria), Igor Talevski (North Macedonia), Ilija Djordjevic Arsic (Serbia), Jatnasheel Moser (Germany), Jitendra Schmitz (Germany), Jovana Milenković (Serbia), Kamaneeya Vuckovic (Serbia), Margarita Trajcheva (North Macedonia), Mona Majkovska (North Macedonia), Olivia Lopez (Mexico), Pradeep Hoogakker (Netherlands), Pushkala Tramošlica (Bosnia and Herzegovina), Salil Wilson (Australia), Samalya Schaefer (Germany), Tirtha Voelkner (Germany), Todor Angelov (Bulgaria), Todorka Petrovska (North Macedonia), Varunavi Klabníková (Slovakia), Vasko Jovanov (North Macedonia), Zina Palic (Moldova).  
Accompanied by  
Parichayaka Hammerl (AT)
Photographers
Igor Talevski, Margarita Trajcheva, Marko Mihajlov, Mridanga Spencer, Salil Wilson
The torch has travelled 7.0 km in Skopje.

Latest reports from North Macedonia - 2024

view all

Latest reports - around the world:

view all